Реклама

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

Економија

Експертите задоволни: Поголеми можности за продлабочена и поголема трговска размена со САД

Поголеми можности за трговска размена со САД. Постигнатиот договор со нашиот стратешки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголеми можности за трговска размена со САД. Постигнатиот договор со нашиот стратешки партнер, САД, според аналитичарите, треба да ги поттикне македонските компании повеќе да извезуваат и да ги искористат одличните политички и економски односи што земјава моментално ги има со администрацијата на Трамп. Договорот за нула отсто тарифи за американски индустриски и земјоделски производи и задржување на извозните царински стапки од 15% и идентификување на 60-тина производи со реципрочни стапки од нула проценти е чекор напред во таа насока – вели униврзитетскиот професор Синиша Наумоски. Пониски царини ќе има за производи од Македонија кои не можат да се одгледуваат, исцрпуваат или произведуваат во САД во доволни количини. Дополнително, двете земји се обврзуваат и на решавање на нетарифните и нефискалните бариери.

Експертите задоволни што договорот предвидува и диверзификација во снабдувањето со гас. Во Договорот се истакнува значењето на новиот гасен интерконектор со Грција, кој моментално се гради, а кој ќе овозможи купување на американски течен природен гас. Особено важно, според аналитичарите е тоа што во одредбите стои и тоа дека двете држави ќе поддржат отворена дигитална економија, без воведување данок на дигиталните услуги.

Договорот предвидува двете земји да продолжат да разговараат за поголема заштита на правата од интелектуална сопственост, особено географските ознаки. Земјава се обврзува доследно да ги спроведува еколошките закони и да ја штити животната средина. Посебно ќе се разговара за работничките права, поголема соработка во делот на националната безбедност, создавање поотпорни синџири на снабдување и координација околу контроли на извоз и инвестиции.

Реклама

Трговската размена меѓу Македонија и САД е недоволна. САД не се вбројуваат ниту во топ 10 трговски партнери на земјава. Според државната статистика, меѓусебната трговија лани изнесувала 481 милион долари, од кои извозот 248 милиони долари, а увозот 233 милиони долари.