Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Пешевска: Го повикувам Клубот на пратенички, жените од СДСМ и од сите партии да застанеме заеднички против навредливиот говор кон жените

Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!, вели  Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, во објава на Фејсбук споделена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината.

Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит!

Реклама

Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена.

Тоа не смееме да го нормализираме!

Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција.

Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор.

Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас.

Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост!