Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Владата одлучи: Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Ќе се спроведуваат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се спроведуваат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата на денешната седница.

-Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата, соопшти владиниот портпарол, Венера Азизи.

Владата, исто така, ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.

Реклама

-Од 2017 година, откако е формирана, комисијата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи, нагласува Азизи.