Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ристески: Имаме историско зголемување на платите во образованието, здравството, а од март и во администрацијата

На синоќешното гостување на една од националните телевизии, пратеникот Петар Ристески говореше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На синоќешното гостување на една од националните телевизии, пратеникот Петар Ристески говореше за приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, а тоа е зголемување на животниот стандард и платите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Приоритет ни е економскиот развој, подобрување на животот на граѓаните и секако повисоки плати, што и го докажавме на дело не само на зборови. И тоа беше наше предизборно ветување и гледате секаде онаму каде се појавува владата како работодавец се зголемени платите, во здравството, во образованието, 10% повеќе во МВР, кај социјалните работници и вчера бевте сведоци каде Владата се договори со синдикатите САДУ и УПОЗ за зголемување на платите до 40% до 2028 година. Ова е историско зголемување на платите онаму каде Владата е работодавец’’, вели Ристески.

Во однос на ССМ и денешните протести, пратеникот Ристески истакна дека гледа политика во раководството на ССМ, со оглед на тоа дека се зголемуваат платите во сите сектори, но ССМ ниту еднаш не го поздрави тоа, а бара нереални зголемување со што директно би се одразило на економијата.

Реклама

„Политика гледам во раководството на ССМ, бидејќи сето тоа го прават во еден период кога Владата навистина нуди дијалог, но и нуди решение. Навистина неоспорен факт е дека оваа Влада историски како никогаш досега, се договори со сите синдикати, со синдикатот на здравството, со образованието, каде што се договори зголемување од 40%-60% зголемување на платите“, појасни Ристески и додаде:

„Мислам дека раководството на ССМ има можеби некој долг кон опозицијата, конкретно кон дел од луѓето во раководството на СДСМ, бидејќи во тој период кога имаше некои превирања на синдикатите, беше назначен за лидер на ССМ со помош на СДСМ“, заклучи Ристески.

Ристески: Очигледно е дека зад фирмите со канабис стои Заев и неговото семејство

Пратеникот Петар Ристески, даде свое мислење дека зад лиценците кои ги добивале фирмите, како и самите фирми стои Зоран Заев.

„Се знае кој ги доделуваше тие лиценци и како, и кој го промовираше тој бизнис. Тој човек има име и презиме и се вика Зоран Заев. Во еден момент од 21 таква лиценцирана фирма, 13 беа во тесна врска со него, неговото семејство или негови блиски, како што е сега фирмата во Ново Село каде што се одземени 30 тони дрога’’, истакна Ристески.

Ристески пројави и сомнеж во делот на Законот, каде што како што вели тој има измени во правилникот за одгледување на канабис, што кога бил носен овој Закон тоа не било предвидено.

„Зошто и како до сега не било реагирано, а имаше случаи претходно со фабриките во крушевско, струшко, охридско, да излегуваат вакви афери, но ЈО не реагирало како сега. Ќе видиме што ќе произлезе од овој случај, но очигледно е кој стои зад овој бизнис. Стои Зоран Заев, неговото семејство и неговите блиски. Како што гледаме во Струмица, газда на фирмата од која што е запленета сета оваа количина на марихуана, е многу близок пријател на Заев’’, заклучи Ристески.