Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи

Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи, напиша на својот фејсбук профил министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска по синоќешниот реизбор за член во Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што наведува Димитриеска-Кочоска, довербата е клуч за секој успех.

-Сакам да упатам голема благодарност до претседателот Христијан Мицкоски токму за довербата повторно да бидам дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Чест ми е што ќе продолжам со сиот свој труд, знаење и кредибилитет да придонесувам кон заедничката цел – а тоа е Македонија да биде подобро место за живеење за секој граѓанин, во секоја смисла. Тоа е она за што деноноќно работиме и во што неприкосновено веруваме! Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи! Тоа е единствениот пат од кој нема да се откажеме, стои во објавата на Димитриеска-Кочоска.