Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Општина Илинден со континуирани инвестиции во квалитетно образование

Општина Илинден и понатаму активно инвестира во подобрување на воспитно-образовниот процес. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден и понатаму активно инвестира во подобрување на воспитно-образовниот процес. Со нови конкретни инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ во населените места Бунарџик и Кадино, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за унапредување на образовниот процес и подобрување на условите за учење во сите делови на општината, се наведува во соопштението од Општина Илинден. 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во реализираните активности во подрачното училиште во н.м. Бунарџик, при што истакна дека инвестициите во образованието се еден од највисоките приоритети на локалната самоуправа.

„Годината ја започнуваме стабилно и одговорно, со вложувања во најмладите и најважни жители на нашата општина. Ќе продолжиме континуирано да работиме на подобрување на воспитно-образовниот процес и создавање современи услови за сите ученици“, нагласи градоначалникот Георгиевски.

Реклама

Во рамки на инвестициите, во ПООУ „Ристо Крле“ во н.м. Бунарџик адаптирана е просторија за одделенска настава, како и мини сала за физичко и здравствено образование, опремена со соодветни спортски реквизити. Во централното училиште во н.м. Кадино поставени се нови чешми и сензорни диспанзери за течен сапун, извршена е целосна замена на вентилните топсифони и огледалата во тоалетите. Дополнително, училишната библиотека е збогатена со околу 300 нови лектирни изданија.

Општина Илинден останува силно посветена на создавање квалитетни услови за образование, унапредување на инфраструктурата и обезбедување еднакви можности за сите ученици, градејќи стабилна и сигурна иднина за младите генерации.