Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Австрискиот амбасадор во Кавадарци, разговарано за регионален центар за противпожарна тренинг обука 

Отворање на Регионален центар за противпожарна тренинг обука во Кавадарци со австриска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворање на Регионален центар за противпожарна тренинг обука во Кавадарци со австриска поддршка е главната тема на разговор на денешната средба во Кавадарци меѓу кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и австрискиот амбасадор, Мартин Памер. По заедничката средба, во изјава за медиумите, Јанчев истакна дека во земјава таков центар не постои.

-Нашето шумско стопанство е едно од најголемите во Македонија, има физибилити студии, има проект, а веќе Австриската амбасада преку Владата има учество во поголем  дел од општините во делот на противпожарната заштита, нивно опремување, нивна обука. Би било добро, еден таков центар да се добие во Македонија, каде што нашите пожарникари и при шумското стопанство и при територијалните противопожарни единици, ќе добијат соодветни обуки, соодветен третман и соодветни насоки, за делување на различни и ризични  пожари. Нешто што ќе ни биде и те како од голема помош, истакна градоначалникот.

Тој и амбасадорот подвлекоа дека доколку се изгради таков систем и добра екипа со добра опрема, обучените ќе можат да делуваат овде но и пошироко, во било која друга држава. 

Реклама

Памер, исто како и Јанчев, изрази задоволство од соработката и спремност таа соработка да продолжи и во иднина.

-Има толку многу работи што заедно можеме да ги направиме, нагласи амбасадорот.

Било разговарано и за економски проекти, во делот на винарството, туризмот, како и околу поддршка за културни настани.