Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Средба Ѓорѓиевски – Иванов: Во фокусот Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со поранешниот претседател…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов.

– Денес остварив средба со поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, во духот на отворен и содржаен дијалог. Во фокусот на разговорите беше Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“, кој оваа година по четврти пат се одржува во организација на Клубот Скопје. Овој форум се етаблира како силна и релевантна платформа за промоција на културната дипломатија, обединувајќи истакнати личности од областа на културата, дипломатијата и јавниот живот од земјата и од странство. Преку вакви иницијативи се создаваат нови можности за меѓународно вмрежување, размена на идеи и продлабочување на соработката меѓу Град Скопје, други градови и значајни меѓународни партнери, стои во објавата на Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

На средбата, како што наведува, разменивме мислења и искуства за актуелните состојби во државата и регионот, при што посебен акцент беше ставен на улогата на културната дипломатија како мост меѓу народите и како важен инструмент за јакнење на меѓународната соработка, дијалогот и заемното разбирање.

Реклама

 – Секогаш е задоволство да се слушнат размислувања и ставови од човек кој со својата работа и ангажман остави длабока и трајна трага во Македонија. Честа беше моја, се вели во објавата на  градоначалникот Ѓорѓиевски.