Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Започна изградбата на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Расадник во Делчево

Општина Делчево започна со градежни работи за изградба на улицата „Видое Смилевски-Бато“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево започна со градежни работи за изградба на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Расадник. Во моментов се извршуваат земјени работи, а пред изградбата на самата улица, ќе се реализира и фекална канализација.

Проектот предвидува изградба на потпорен ѕид како посебна заштита поради конфигурацијата на теренот, со што ќе се овозможи сигурност и стабилност на новата сообраќајница.

Градоначалникот Иван Гоцевски денеска изврши увид во градежните работи и притоа истакна дека со реализацијата на овој инфраструктурен проект, конечно, Општината конкретно одговара на потребите на жителите кои скоро половина век живеат без основната инфраструктура. 

Реклама

-Улицата се наоѓа во највисокиот дел од населбата Расадник, на тешко пристапен терен. Сепак, локалната власт се посветува на обезбедување соодветна инфраструктура за сите жители. Реализацијата на овој проект ќе значи подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, современа сообраќајница и поголема безбедност во сообраќајот, а од друга страна, овој дел од населбата ќе добие современ урбан лик и нема повеќе да има калливи или прашливи улици,  истакна Гоцевски.

Најави дека во наредната фаза ќе се проектира и улицата „Грозданец“, со што ќе се поврзат двете улици, задоволувајќи голема потреба на жителите од овој дел на населбата.

-Вредноста на работите за изградба на улицата „Видое Смилевски-Бато“ е 6,5 милиони денари, обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт, а работите ги изведува делчевската фирма СД-ТРАНС од с. Ѕвегор, подвлече градоначалникот на Делчево.

Проектот е предвидено да заврши во септември, годинава.