Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Општина Струмица објави јавен повик за користење на јавни површини за време на Карневалот

Општина Струмица објави Јавен повик за користење на јавни површини за поставување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струмица објави Јавен повик за користење на јавни површини за поставување на времени објекти за време на одржувањето на манифестацијата „Струмички карневал“, односно за главната карневалска вечер,која ќе се одржи од 21 до 22 февруари, соопштија од локалната самоуправа.

Како што се наведува, овој повик се објавува за првпат со цел појасно уредување на користењето на јавните површини, подобра организација, уреден изглед на просторот и обезбедување еднакви можности за сите заинтересирани учесници.

-Право на поднесување барање имаат правни лица регистрирани во Централниот регистар на Македонија, како и физички лица регистрирани за вршење занаетчиска дејност и евидентирани во Занаетчиската комора, при што еден корисник може да користи само една локација, се наведува во повикот.

Реклама

Јавните површини ќе бидат обезбедени на однапред утврдени и обележани позиции, распоредени по зони согласно локациската поставеност, при што секоја позиција опфаќа површина од 4 метри квадратни. Надоместокот за користење на јавна површина изнесува 6.000 денари по позиција за целото времетраење на манифестацијата и се уплатува на сметка на организаторот, при што уплатениот надоместок не подлежи на поврат.

Се додава дека барањата се поднесуваат до Општина Струмица – Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште, со задолжително доставување барање, доказ за извршена уплата и соодветна документација за регистрација. Рокот за поднесување на барањата е до 16 февруари.

Инаку, распределбата на локациите ќе се врши по принципот „прв дојден – прв услужен“, до исцрпување на расположливите позиции, при што Општина Струмица го задржува правото да одбие барање доколку предложената дејност или изгледот на објектот не се во согласност со концептот, безбедноста или организацијата на манифестацијата.