Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ТППЕ Старо Нагоричане лани регистрирал 135 интервенции

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, лани регистрирала вкупно 135 интервенции, што е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, лани регистрирала вкупно 135 интервенции, што е зголемување во однос на претходната година кога имало 118  пожари,  информираа денеска од ТППЕ Старо Нагоричане. 

-На отворен простор регистрирани биле 84 интервенции,  а на објекти 18. Регистриравме интервенции на опожарени автомобили и интервенции при сообраќајни несреќи вкупно шест, имавме две интервенции при непогоди. Лани гасевме пожари на шут, депонии и ѓубре осум пати, други интервенции 17- изјави, командирот на ТППЕ, Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Во летниот период поради високите темпертаури на подрчајето на општината имало неколку пожари на отворено кои зафатиле поголема површина и се гасеа по два три дена.

Реклама

-Во јули имаше 24 интеревнции, од кои шест во село Руѓинце, каде наназад неколку години често се регистрираат пожари, од поголеми размери, изјави Трајковски.

Тој додаде дека токму во ова село и во Мгленце интервенираа и државните служби со воздушна поддршка при гасење на пожарите.

-Пожарникарите интервенираа и на пожари кои зафатија и куќи во селото Младо Нагоричане и Стрновац. ТППЕ Старо Нагоричане има две возила и девет пожарникари, што е недоволно за територијата која ја покрива. При поголеми пожари се бара поддршка од колегите од Куманово и помалите општини од североистокот, вели Трајковски.