Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

До Советот сѐ уште не се пристигнати пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител

До Советот на јавните обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До Советот на јавните обвинители сѐ уште не се доставени пријавите од кандидатите што конкурирале на огласот за избор на нов јавен обвинител. Претседателот на Советот, Башким Бесими, изјави дека ќе постапи веднаш штом пријавите формално стигнат во законски предвидениот рок.

– До овој момент сѐ уште не стигнале пријавите на кандидатите. Кога ќе стигнат, во законски рок од 15 дена, ќе дадеме одговор за кандидатите – изјави Бесими.

Тој додаде дека имињата на кандидатите веќе се познати во јавноста, но дека формално нема да објави ништо додека не пристигнат официјалните документи.

Реклама

– Во принцип ги знаеме сите кандидати, но ќе ги разгледаме пријавите и на седница ќе одлучиме, додаде тој, и појасни дека по разгледувањето на документацијата, Советот ќе ја извести Владата во законскиот рок.

Иако официјално не се потврдени имињата на кандидатите, како што некои од пријавените и самите потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. 

По седницата на Владата пред два дена, владината портпаролка Марија Митева соопшти дека е донесен заклучок поврзан со петте кандидатури за државен јавен обвинител, процесот преминува во следната законска фаза – доставување на комплетната документација до Советот на јавните обвинители. Советот, во согласност со законските одредби, има рок од 15 дена да достави мислење до Владата за секој од кандидатите.

По добивањето на мислењето од Советот, Владата треба да утврди предлог и да го достави до Собранието, каде што со 61 глас се избира новиот државен јавен обвинител.

Во оваа постапка се применува редоследот утврден со Законот за јавното обвинителство. Ако Советот не достави позитивно мислење за ниеден кандидат, Владата не може да предложи избор и Собранието мора да распише нов оглас. 

Постапката следува по оставката на претходниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесена во декември минатата година по што функцијата в.д. државен јавен обвинител ја извршува Анита Тополова-Исајловска, но најмногу до шест месеци поради што изборот на нов носител на функцијата е неопходен во предвидениот рок.

Бесими ја одложи денешната седница на Советот на неодредено време поради немање кворум за работа.

За денешната седница беа предвидени повеќе точки, меѓу кои и записникот на Комисијата по постапката за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, поднесена од јавниот обвинител Ленче Ристовска.

Советот требаше да одлучува и по два дисциплински предмета, а требаше да донесат и одлуки за објавување огласи за избор на јавни обвинители во основните јавни обвинителства во Ресен, Крива Паланка и Кочани.