Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

До Советот сѐ уште не се пристигнати пријавите од кандидатите за државен јавен обвинител

Кандидатурите за наследник на Љупчо Коцевски патуваат кон Советот на јавни обвинители.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатурите за наследник на Љупчо Коцевски патуваат кон Советот на јавни обвинители. Првиот човек на Советот вели дека штом стигнат веднаш ќе закаже седница и во законскиот рок од 15 дена ќе ги оценат тројцата обвинители и двајцата судии кои се кандидираат за прв човек на Обвинителството. Секој кандидат може да добие позитивно или негативно мислење. Владата може да го предложи кандидатот за кој зелено светло ќе дадат членовите на Советот на јавни обвинители. Финално, предлогот од Илинденска оди во Собрание, а за избор за државен обвинител е потребно да гласаат 61 пратеник.

  • „До овој момент сѐ уште не стигнале пријавите на кандидатите. Кога ќе стигнат, во законски рок од 15 дена, ќе дадеме одговор за кандидатите. Во принцип ги знаеме сите кандидати, но ќе ги разгледаме пријавите и на седница ќе одлучиме. По разгледувањето на документацијата, Советот ќе ја извести Владата во законскиот рок“ рече Башким Бесими.

За државен обвинител претендираат 5 кандидати. Сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. 

Влада од пред два дена донесе заклучок за петте кандидатури за државен јавен обвинител и сите ќе бидат пратени во советот.

Реклама

Постапката следи по оставката на претходниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесена во декември минатата година. Анита Тополова-Исајловска, е в.д., но таа функција може да биде најмногу до шест месеци.

Бесими ја одложи денешната седница на Советот на неодредено време поради немање кворум за работа.

За денешната седница беа предвидени  повеќе точки, меѓу кои и записникот на Комисијата по постапката за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, поднесена од јавниот обвинител Ленче Ристовска.

  • „Тој законски рок од 30 дена колегите го почитуваат. Претходно имаше празници неможевме да закажеме седница. Сега немаме кворум, но ќе ја закажам за многу брзо“ рече Басими.

Советот требаше да одлучува и по два дисциплински предмети, а требаше да донесат и одлуки за објавување огласи за избор на јавни обвинители во Основните јавни обвинителства во Ресен, Крива Паланка и Кочани.