Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на претседателот на Собранието, Гаши, во Вашингтон

Одличните билатерални односи, стратешкото партнерство меѓу двете земји и заедничката посветеност за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одличните билатерални односи, стратешкото партнерство меѓу двете земји и заедничката посветеност за продлабочување на трансатлантската соработка, беа потврдени на средбите што ги оствари претседателот на Собранието, Африм Гаши во рамки на работната посета на Вашингтон.

Како што информира собраниската прес-служба. Гаши се сретна со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД.

-На оваа средба беше потврдено непоколебливото партнерство меѓу двете земји, изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на правото, борбата против корупцијата и посветеноста на меѓународниот мир и стабилност. Соговорниците разменија мислења за актуелните геополитички настани, безбедносните предизвици и конструктивната улога на Македонија како фактор на стабилност во Западен Балкан. Претседателот Гаши информираше за континуираните напори за полноправна интеграција во Европската унија и изрази благодарност за континуираната поддршка на САД во процесот на реформите, се наведува во соопштението.

Реклама

Гаши на средбата беше придружуван од потпретседателите на Собранието, Антонијо Милошоски и Јован Митрески, како и од владината делегација составена од министерот Стефан Андоновски, министерот Златко Пирински и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

По средбите во Вашингтон, претседателот на Собранието, Гаши, оствари пријателска средба и со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија и докажан пријател на земјата, со кого разговараа за неодамнешните политички настани и продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД.