Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Реакција по недобивањето средства за прилепскиот џез фестивал кој годинава одбележува 15 години

Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на фестивалот „Prilep Jazz…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението за субкултура „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“, организатор на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“ реагира што овој Фестивал по 14 години постоење со институционална поддршка, сега, пред јубилејното 15 издание не ја доби финансиската поддршка од Мнистерството  за култура и туризам.

Според здружението, оваа одлука не може и не смее да се третира како изолиран случај.

-„Prilep Jazz Weekend“ не е експеримент, не е моментален проект, не е лична иницијатива без континуитет. Тоа е Фестивал со историја, со публика, со јасна програмска визија и со препознатлив културен идентитет, кој повеќе од една деценија ја гради културната слика на Прилеп и пошироко. Дали континуитетот, квалитетот и публиката повеќе не се релевантни критериуми при распределбата на јавни средства, а комисиите што одлучуваат дали се навистина независни и стручни или селекцијата се прави селективно, по неформални критериуми и под нечиј вкус, притисок или диктат? Со вакви одлуки, културата надвор од главниот град не се развива – таа се гаси тивко, без објаснување и без одговорност, соопштуваат од здружението „ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП“.

Реклама

Од Здружението категорично бараат транспарентност, образложение и одговорност, зашто, велат, културата не смее да биде жртва на молк, бирократија и селективна поддршка.