Реклама

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Македонија

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество на Светскиот самит на владите во Дубаи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи како главен говорник на сесија посветена на демографските промени.

Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со троен притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и брзо стареење на населението и ги сподели проекциите според кои македонското население може да се намали од сегашните 1,8 на 1,2 милион до 2070 година, однос загуба од 33 отсто од сегашното население.

Оваа тријада од пад на стапката на раѓања, емиграција и стареење, според претседателката, го намалува бројот на работоспособно население и го зголемува товарот врз здравствениот, социјалниот и пензискиот систем.

Реклама

Тоа, според Сиљановска-Давкова, врши притисок врз мала и отворена економија како нашата.

Повика на реформирање на институциите, односно реформи во судството и на јавната администрација, но и на забрзана дигитализација на јавните услуги.

Посочи на потребата младите да ја добијат заслужената улога на двигатели на промените преку нивно поставување на чело на дигиталната и на економската трансформација, но и преку нивно вклучување во креирањето политики.

Важно, според Сиљановска-Давкова, е и вклучувањето на дијаспората како мотор на интелект, иновации и инвестиции.

Повика на изградба на демографски отпорно општество преку создавање општество во кое луѓето ќе останат да живеат и да формираат семејства.