Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и патрониот празник на детската градинка

Во Општина Илинден беше одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Илинден беше одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а воедно и 17-от патронен празник на детската градинка што го носи неговото име, стои во соопштението од Општина Илинден.

Настанот започна во дворот на централниот објект на градинката, каде беше положено свежо цвеќе пред бистата на патронот. Цвеќе положија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорката на градинката Катерина Бојковска, претставници од Советот на Општина Илинден, директорите на јавните претпријатија, како и други присутни гости.

Одбележувањето продолжи со свечена и внимателно подготвена приредба, на која настапија голем број дечиња. Преку песна и игра, тие достоинствено го одбележаа патрониот празник и ја изразија својата љубов кон татковината.

Реклама

Градинката „Гоце Делчев“ претставува институција којашто со години е пример за успешно раководење и функционирање, сведоци и најголеми гласници за ова се дечињата коишто секојдневно ја посетуваат и со радост ги прославуваат нејзините успеси. Општина Илинден останува посветена кон континуирана поддршка на културниот и воспитно образовниот процес на нашите најмлади жители.