Реклама

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Македонија

Министерството за здравство: Пушењето најголем ризик-фактор за рак на белите дробови

По повод 4 Февруари – Светскиот ден за борба против ракот, Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 4 Февруари – Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство (МЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) потсетуваат дека пушењето претставува ризик-фактор за малигни заболувања, а особено за рак на белите дробови. Токму според податоците на ИЈЗ, водечка причина за смрт во државата во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхите и на белите дробови.

- Употребата на тутун е водечка причина за рак, кој може да се спречи. Статистичките податоци покажуваат дека вкупниот број на починати лица од малигни неоплазми на бронхите и на белите дробови во 2024 година изнесува 860, од кои бројот на мажи е поголем во однос на бројот на жени. Откажувањето од пушење значително ги продолжува животниот век и квалитетот на животот и токму на Светскиот ден за борба против ракот уште еднаш апелираме на важноста од донесување на новиот предлог-закон за заштита од пушење, со цел заштита на здравјето на сите граѓани – појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Покрај употребата на тутун, други ризик-фактори за малигни заболувања се и прекумерна дебелина, употреба на алкохол, недоволна физичка активност, неправилна исхрана.

Реклама

Според податоците од Институтот за јавно здравје, вкупниот број починати лица од малигни неоплазми во 2024 година изнесува 3.958, од кои 2.325 се мажи, а 1.633 жени. Во истата година бројот на починати од неоплазми на возраст над 65 години е речиси двојно поголем од бројот на починати до 64-годишна возраст.