Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Манасиевски: Трендафилов да застане на страната на работникот, а не на страната на неговите наредбодавци од СДСМ

На ССМ и Трендафилов уште малку им фали за да се официјализираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На ССМ и Трендафилов уште малку им фали за да се официјализираат како орган на партијата СДСМ, со оглед на начинот на којшто функционираат сега и во минатото, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Да ја потсетиме јавноста на едно неубаво време кога СДСМ насилно и спротивно на волјата на граѓаните го менуваше името на државата, поддршка за да излезат и да гласаат граѓаните даде токму ССМ.

Тие во видеото кое ќе го проследиме, велат дека тоа ќе донесе голем економски бенефит, нивната социјална положба ќе се подобри и ќе имаме поголема безбедност.

Реклама

Да го проследиме видеото.

Поврзаноста на ССМ и Трендафилов со СДСМ не е од денес, туку од поодамна. Впрочем СДСМ преку Јованка Тренчевска го постави Трендафилов за претседател на ССМ. ССМ и Трендафилов се уклучуваат како на утикач кога СДСМ е во опозиција, а се исклучуваат кога се на власт. Платите се големи и добри и убаво живеат граѓаните кога СДСМ на власт, кога имаме национални предавства, кога инфлацијата достигнуваше и до 20%, а зголемување на платите едвај околу 10%, кога јавниот долг се зголеми за 5 милијарди евра за само 7 години, кога полицајци се удираа самите од возила пајаци, кога државата беше на раб на банкрот за ССМ и Трендафилов во овој период убаво се живееше, ама денес со 3% инфлација, повисоки плати во секторите каде Владата е работодавач, со поголем дијалог и разбирање, не се живее убаво за Трендафилов и ССМ.

Дволичноста и лицемерието на ССМ и Трендафилов е огромно. Наместо водење политика и работење во прилог на СДСМ, треба да почне да се работи во прилог на работниците.