Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Затварање дуќани или отпуштање на вработените – занаетчиите се против барањата на ССМ

Закана од затворени дуќани, отпуштени работници и нов бран економска неизвесност –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Закана од затворени дуќани, отпуштени работници и нов бран економска неизвесност – занаетчиите алармираат дека зголемувањето на минималната плата на 600 евра може да го загрози нивниот опстанок. Од Занаетчиската комора – Скопје предупредуваат дека ваквиот чекор ќе значи драстично зголемување на трошоците за придонеси и сериозен удар врз малите бизниси, особено во помалите градови и руралните средини каде потрошувачката е веќе намалена.

Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба да биде издржано, врз основа на добра анализа. Занаетчискиот сектор не може да го издржи ова темпо на континуирано зголемување на трошоците. Особено треба да се земе предвид состојбата на занаетчиите што работат во помалите градови и руралните средини, каде што постои голема миграција и значително помала потрошувачка на занаетчиски производи и услуги. – вели Горан Ристовски – претседателот на Занаетчиската комора – Скопје.

Занаетчиите бараат темелна економска анализа, предупредувајќи дека без таков пристап ќе бидат принудени да ги зголемат цените, што може да ја намали побарувачката и да доведе до затворање бизниси.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски е поодготвен да разговара со синдикатите. Во пресрет на средбата со синдикатот на УПОЗ премиерот очекува договор во интерес на работниците, но предупредува дека ССМ треба да се одвои од партиската прегратка

Очекувам да, да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати па кажав во минатото, уште тие седум илјади седумстотин, седум илјади осумсто наши колеги немаат со Владата договорен колективен договор. Сите останати имаат, така што со ова Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада до две илјади дваесет и осма година со сите оние колеги чијшто работодавач, директен или индиректен, е Владата.“ – вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата.

Владата предлага унифицирана формула за пресметка на платите во администрацијата додека се преговара нов општ колективен договор, но несогласувањата со Сојузот на синдикатите продолжуваат.

ССМ го засилува притисокот – бара минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на останатите плати за по 100 евра, најавувајќи блокади на институциите. Аргументот е дека минималецот од околу 24 илјади денари е далеку под синдикалната потрошувачка кошничка од над 66 илјади денари, што го продлабочува незадоволството кај работниците. Минималната плата станува економски тест за издржливоста на домашното стопанство. Доколку се примени моделот што го бара Сојузот на синдикатите, бизнисмените и експертите предупредуваат дека намалената продуктивност може најсилно да ги погоди малите и средните компании.