Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско

По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По пријава од физичко лице, екипа на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) излезе на терен на трасата на која се изведуваат работи за изградба на гасовод и безбедно беа отстранети шест артилериски гранати во калибар од 75 милиметри.

Како што информира ДСЗ, интервенцијата беше извршена од страна на пиротехничар од ДЗС – Зоран Пеeв од Штип.

– Станува збор за гранати од периодот на Првата светска војна, заостанати од Солунскиот фронт. Пронајдените експлозивни направи беа транспортирани на безбедна локација и пренесени на полигонот Криволак, каде што ќе бидат уништени во согласност со пропишаните безбедносни процедури – соопшти ДЗС.

Реклама

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека со навремената пријава и брзата реакција е избегната потенцијална опасност за безбедноста на граѓаните и работниците ангажирани на терен.