Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Македонија

Епштајн: Мозоци од Македонија завршувале во САД за научни цели

Во објавени електронски пораки и документи поврзани со случајот на починатиот американски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во објавени електронски пораки и документи поврзани со случајот на починатиот американски милионер Џефри Епштајн се појавуваат наводи дека човечки мозоци од починати лица од Македонија биле замрзнувани и транспортирани во САД за научно-истражувачки цели.

Поранешниот директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, Алексеј Дума, во изјава за „360 степени“ потврди дека станува збор за проект што се реализирал во периодот меѓу 1990 и 2000 година.

– Не стануваше збор за никаков профит затоа што мозокот не може да оди на црниот пазар. Мозок не може да се продаде и не може да се трансплантира. Кога прифативме, согласност даде и Етичкиот комитет на Медицинскиот факултет. Согласноста беше да се продолжи по правилата, без никаков профит и во сето тоа никој од надвор не беше вклучен. Има точни правила кога ќе се извади мозокот, за колку секунди треба да постигне температура од минус 80 степени и да стигне во лабораторија. Бенефитот наш беше што испративме многу млади во САД да ја продолжат својата работа и да стекнат нови знаења – вели Дума.

Реклама

Инаку, Македонија се најде во документите што американското Министерство за правда ги објави јавно, а се однесуваат на починатиот милијардер осуден за трговија со бело робје, педофилија и силување, Џефри Епштајн.