Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ЈП „Стрежево“ – Битола почна со издавање дозволи за рекреативен риболов

Јавното претпријатие „Стрежево“, кое стопанисува со истоимената акумулација крај Битола, денеска почна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие „Стрежево“, кое стопанисува со истоимената акумулација крај Битола, денеска почна со издавање дозволи за рекреативен риболов. 

Од ЈП „Стрежево“ информираат дека риболовците може да обезбедат годишни, месечни и еднодневни дозволи за рекреативен риболов.

Висината на надоместокот за дозволите за риболов на акумулацијата се движи од 200 денари за еднодневен риболов, до 1.500 денари за годишна дозвола, која може да се користи 365 дена. За членовите на здружението за спортски риболов „Стрежево“ годишната дозвола чини 1.000 денари. Рекреативните риболовци може да обезбедат и месечни и тридневни дозволи за рекреативен риболов на акумулацијата „Стрежево“.

Реклама

Инаку, кон крајот на минатата година ЈП „Стрежево“ успешно изврши порибување на акумулацијата со над 250 килограми рибиен подмладок крап како дел од важечката риболовна основа и договорот за користење риби склучен меѓу Владата и ЈП „Стрежево“.