Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Сали – Клајн: Потврдена унгарската поддршка за евроинтеграциите

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска оствари средба со унгарскиот амбасадор во земјаtа Андраш Клајн, чиј фокус бил процесот на евроинтеграции.

– Министерот Сали се фокусира на процесот на евроинтеграции, со посебен акцент на забрзаната динамика на реформите и решителноста на Македонија да стане дел од Европската Унија. Тој ја истакна важноста на континуираната поддршка од земјите членки на ЕУ, особено од Унгарија, како значаен партнер во овој процес – стои во соопштението на Министерството за европски прашања.

Од своја страна, амбасадорот Клајн ја потврдил поддршката на Унгарија за европските аспирации на Македонија и изразил подготвеност за унапредување на билатералната соработка во области од заеднички интерес.