Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Прилози

Кој се спаси, се спаси – Контроверзните измени на КЗ на СДСМ и ДУИ заминуваат во историјата

Им заврши „мандатот“ на скандалозни измени на кривичниот кои минатата власт ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Им заврши „мандатот“ на скандалозни измени на кривичниот кои минатата власт ги протурка со злупотреба на европско знаменце, а многумина спасија од робија. Вратени се во живот строгите казни за функционерите кои ќе огрешат пред законот.

Најконтроверзните измени беа оние кои се однесуваа на членот 353, за „злоупотреба на службената положба и овластување и со нив беше избришано едно од трите клучни дејствија на извршување – „искористување на службената положба или овластување“, со што значително се стесни опфатот на кривичното дело. Многу осомничени функционери преку овие измени се спасија од затвор за милионски криминали.

За тоа забелешки стигнаа дури од Брисел, од каде испратија бројни критики за тогашната власт за амнестијата што ја прави за висока корупција.

Реклама

За владејачкото мнозинство денешното гласање е јасна порака: борбата против корупцијата нема алтернатива, а правдата мора да биде еднаква за сите.

  • Со законот се воведува и ново кривично дело за злоупотреба на интимни снимки и материјали, се зајакнува заштитата од родово-базирано и семејно насилство согласно Истанбулската конвенција, се проширува примената на проширената конфискација и се прави доусогласување со законите поврзани со проектот „Safe City“. Ова е јасен доказ дека кога постои политичка волја, државата може да се движи напред“ рече Миле Лефков – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ која ги предложи и ги изгласа скандалозните измени, па потоа потегот го нарече грешка, сега не ги поддржа новите законски решенија. За претседателот Венко Филипче овие измени биле амнестија на актуелни функционери.

Измените, пратнеците ги донесоа бидејќи тоа им го наложи Уставниот суд, додека во Министерството за правда се пишува нов закон, за кој по донесувањето ќе треба време и за адаптација. До тогаш ќе важат овие законски решенија, од кои дел е и постапување по службена должност за жртвите на семејно насилство.  За законските измени беа поднесени 14 амандмани од кои беа прифатени два, по еден од опозицијата и власта, а беше оддржана и јавна расправа со експертската фела.