Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Влада инвестира 210 милиони денари во инфраструктурата на индустриската зона во Куманово

Во индустриската зона во Општина Куманово во тек е значаен инфраструктурен проект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во индустриската зона во Општина Куманово во тек е значаен инфраструктурен проект вреден повеќе од 210 милиони денари, финансиран од Владата преку Министерството за транспорт и врски, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Проектот опфаќа изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, како и изградба на дел од внатрешните сообраќајници. Дополнително, предвидено е воспоставување режим на сообраќај, поставување сообраќајна сигнализација и јавно осветлување на дел од внатрешните улици во индустриската зона.

Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат, индустриската зона во Куманово ќе добие подобрена инфраструктурна основа, зголемена функционалност и подобри услови за привлекување нови инвестиции, што се очекува да придонесе за развој на локалната економија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Реклама

Видеото може да го погледнете на следниот линк: