Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи. Али и Венко додека беа на власт си другаруваа во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и нивните потреби, па во петокот здружено нивните пратеници гласаа против измените на Законот за прекршоци со кој се заокружуваат правните норми потребни за официјален старт на системот Безбеден град.

Замислете, нивните пратеници застанаа против систем кој гарантира безбедност за граѓаните во сообраќајот, систем кој има за цел да ги намали несреќите во сообраќајот, кои во Македонија често се со фатални последици. 

Реклама

Според официјалната статистика во пробниот период на безбеден град во декември 2025 година, во сообраќајни незгоди телесни повреди имале 20 лица, а во декември 2024 година тешки телесни повреди имале 25 лица.

Системот Безбеден град е и начин да се намали бројката на жртви во сообраќајот, која во Македонија која изнесува на еден милион жители 65 жртви, а европскиот просек е за една четвртина помал или 45 жртви на милион жители.

Дружбата на Венко и Али ги носи двајцата и двете партии во пропаст, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да се грижи за граѓаните.