Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

СДСМ го одржува 31. Конгрес

Социјалдемократскиот сојуз денеска во Скопје во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалдемократскиот сојуз денеска во Скопје во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи 31. Конгрес. Според информациите од СДСМ, на Конгресот ќе има отворен и работен дел.

На почетокот ќе има отворен дел од конгресот, по што ќе следува и обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кое што медиумите ќе можат целосно да го проследат. Потоа ќе следи работен дел од Конгресот.

Инаку, пред најавениот Конгрес не стивнаа превирањата во опозициската СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција пред два дена посочи дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.

Реклама

Тој нагласи дека тековните критики кон него и кон партијата доаѓаат од, како што рече, „поединци, кои се уценети или купени“, додавајќи дека вистинските членови на СДСМ и поддржувачите ги препознаваат тие обиди да се ослаби опозицијата. Порача дека нема намера да се повлече од функцијата бидејќи, како што истакна, неговата главна цел е да продолжи да се бори за „заздравување на општеството, искоренување на корупцијата и враќање на државата на европскиот пат“.

Филипче истакна дека СДСМ останува целосно обединета партија, со синхронизирана и компактна пратеничка група, а дека процесот на внатрешна консолидација во општинските организации е во тек.

Од друга страна, поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов побара Филипче да си поднесе оставка, а со отворена критика излезе и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, кој оцени дека актуелното раководство на СДСМ е единствено одговорно за незадоволството меѓу членовите на партијата.

Потпретседателката Јована Тренчевска, изрази уверување дека на Конгресот ќе дојдат мнозинството делегати.

-Верувам дека ќе имаме успешен конгрес на партијата на кој ќе дојдат мнозинството од делегатите, изјави потпретседателката и пратеничка на опозицискиот СДСМ, Јованка Тренчевска, прашана за коментар во врска со информациите што доаѓаат од одредени кругови дека раководството на партијата е пред предизвик да обезбеди успешност на Конгресот бидејќи има одредени кругови во партијата што работат да одвратат дел од делегатите за Конгресот да не успее.

Станува збор за отчетен конгрес на СДСМ, на кој, според информациите, треба да се разговара и за исходот од локалните избори.

Во декември минатата година целото раководство на СДСМ си поднесе оставка освен претседателот Венко Филипче, а овој потег беше на негово барање. Оставка даде и заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова-Пановска.