Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Хоџа-Риголер: Франција важен партнер во еколошките реформи и ЕУ-интеграцијата

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска оствари средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска оствари средба со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на која, како што информираат од Министерството, беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за процесот на европска интеграција.

-На средбата, министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Франција ѝ ја дава на државата, особено во спроведувањето на реформите и користењето на ИПА средствата. Тој истакна дека приоритет на Министерството е воспоставување одржлив систем за управување со цврст отпад и значајно унапредување на инфраструктурата за третман на отпадни води, во рамки на имплементацијата на Секторските оперативни програми за животна средина и климатска акција преку ИПА II и ИПА III, соопшти МЖСПП.

Посебен акцент беше ставен на улогата на Француската агенција за развој и на регионалниот проект за еколошка правда, кои придонесуваат кон зајакнување на институционалните капацитети, меѓуинституционалната соработка и владеењето на правото во областа на животната средина.

Реклама

Двете страни, се наведува во соопштението, ја потврдија заложбата за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и Франција, во духот на европските вредности, одржливиот развој и заштитата на животната средина.