Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Мицкоски: Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас, гради гасен интерконектор со Грција, почнува изградба и со Србија

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија – информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос.  

Мицкоски, како што објави на својот фејсбук-профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани – стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, според него, освен што ќе овозможат производство на електрична енергија, ќе создадат и три значајни резервоари со чиста вода за пиење.

– На вчерашниот пладневен панел посветен на економија и инвестиции во Давос, зборував за стратешките чекори што ги преземаме како држава во однос на вештачката интелигенција, енергетиката и долгорочниот развој на државата. Во однос на вештачката интелигенција, ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само тоа, паралелно ги зајакнуваме и преносните линии за природен гас. Во тој контекст, градиме гасен интерконектор со Грција, а почнуваме и со изградба на гасен интерконектор, што ќе ја поврзе државата со Србија. Ова се стратешки проекти од суштинско значење не само за нашата држава туку и за целиот регион – наведува Мицкоски, според кој, со поврзувањето земјата ќе го зголеми капацитетот за гас до 8 милијарди кубни метри годишно.

Реклама

Во врска со браните, напоменува дека потребата од обезбедување резерви чиста вода за пиење ќе биде сè поголема.

– Имајќи ги предвид климатските промени, регионот ќе има сè поголема потреба од вакви резерви, кои ќе обезбедат долгорочна водна безбедност и стабилно снабдување со чиста вода – се вели во објавата на Мицкоски на „Фејсбук“.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: