Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Средба Муцунски – Фидан, фокус на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности

На маргините на вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој денеска се одржува во Истанбул, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.

Како што информираат од МНРиНТ, фокусот на разговорите бил ставен на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности и продлабочувањето на соработката во области од заемен интерес. Во тој контекст биле потврдени одличните политички односи меѓу двете држави и исклучително успешната соработка во повеќе области.

– Посебен акцент беше ставен на зајакнувањето на економската соработка и поефикасното искористување на инвестициските можности, како и на продлабочувањето на соработката во други области од заемен интерес – се вели во соопштението од Министерството.

Реклама

Двајцата министри го потврдиле и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и меѓусебната поддршка во регионалните иницијативи и мултилатералните организации.

Разговорите опфатиле и актуелни регионални и геополитички прашања, при што била нагласена важноста од стабилен и просперитетен регион.