Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Петрушевски: Филипче да одговори дали со народни пари префрлани во „Жан Митрев“ сакал полесно и поевтино да ја преземе клиниката?

Со секој изминат ден сè повеќе излегува на површина вистинското лице на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со секој изминат ден сè повеќе излегува на површина вистинското лице на СДСМ за време на седумгодишната власт. Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, може да негира колку сака, но сведоштвата и фактите секој ден го демантираат и потврдуваат дека заедно со неговиот ментор, Зоран Заев и дружината, државниот апарат го ставиле во служба за остварување приватни и клановски цели. Користејќи ја моќта, ги злоупотребувале институциите, уценувале и вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат болницата за багателна цена.

Наместо како министер за здравство да се грижи за здравјето на граѓаните и да ги решава проблемите во јавното здравство, Венко гледал само како да дојде до приватна болница, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

За остварување на оваа цел, Венко Филипче не ги штедел ниту државните, народни пари. Јавно достапните информации говорат дека во време на власт на СДСМ, особено кога Филипче е министер, се зголемува буџетот кон Клиничката болница од државните институции.

Реклама

Од 361.600.000 денари или околу 5,8 милиони евра, колку што изнесувал буџетот во 2015 година, трансферите до болницата од државната институција се зголемија речиси двојно со доаѓањето на СДСМ на власт. Односно, во 2020 година кога Филипче раководеше со македонското здравство, буџетските трансфери кон болницата на која Венко ѝ фрлил око, достигнале до 682 милиона денари, сума штпо во денари изнесува речиси 11 милиони евра.

Бројките се немилосрдни и повеќе од јасни. Затоа го прашуваме Филипче дали ваквите огромни приливи што ги правел кон Клиничката болница „Жан Митрев“ биле едни од начините со државни пари да го кандиса докторот да му ја продаде болницата за пониска сума?

Ова не бил единствениот метод што Филипче и неговата криминална дружина на чело со Заев ја користеле за да ја присвојат болницата. Тие на докторот, како што и самиот Митрев потврди, му вршеле притисок, го уценувале и му нуделе и помош во судската постапка против клиничката болница.

Ова покажува дека нема област во општеството што СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев не ја заробиле и не ја злоупотребиле. Апетитите на Филипче и Заев кон приватниот здравствен сектор не се нови, за нив со години слуша македонската јавност.

Затоа, Јавното обвинителство да не чека, овие сериозни индиции за изнуда и сторен криминал да ги испита и целосно да ги расчисти. Одговорност мора да има!