Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Николоски: Проблемот со транспортерите е сериозен, ризикот за македонската економија е огромен, бараме ЕУ да ги ревидира правилата

Една година алармираме за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една година алармираме за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во ЕУ и требаше состојбата да ескалира за да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем, кој може целосно да ги колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестока размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал, не наидов на разбирање, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во однос на новите правила за влез во земјите од шенген зоната за професионалните возачи.   

Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што, како што вели, ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега, нагласува Николовски, решение нема, а Владата целесно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните прмини кон шенген-земјите.

– Од понеделник ќе има протест, кој предвидено е да трае седум дена на граничните премини што одат кон шенген-зоната, на превозниците на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ. Се работи за огромен економски проблем што може целосно да ги колабира македонската и регионалната економија бидејќи нашите економии се мали и главно се ориентирани кон извоз. Целокупното производство на компаниите што прозиведуваат во ТИРЗ, во кои работат најголем дел од луѓето во Македонија и кои носат најголем девизен прилив – стопроцентен извоз, повеќето од домашните компании што се извозно ориентирани и ако не може да извезат, тоагаш запира и економската активност, а од друга страна, ако превозот поскапи за 3 до 5 проценти, тогаш стануваат неконкурентни на европскиот пазар – рече вицепремиерот Николоски во интервју за Радио Лидер. 

Реклама

Иако во континуитет има разговори со претставниците на ЕУ, засега тие остануваат на ставот за употреба на новите правила за влез и за транспортерите. 

– Јас во декември имав жестока размена на аргументи со надлежните во рамките на ЕУ, директно во Брисел, за жал, не наидов на разбирање и овие радикални мерки се единствен начин да се привлече внимение. Јас и Владата имаме целосно разбирање за македонските транспортери, го разбираме нивниот револт, ги подржуваме нивните барања и навистина треба да се реши овој проблем преку одложување на електорнскиот систем за професионалните возачи или да се изнајде начин како да добиваат работни визи, тоа треба да го реши ЕУ. Мислам дека не им е јасно во ЕУ што значи ова за земјите од Западен Балкан, се работи за класична бирократија, за целосна игнорантност и непосветување на внимение на проблемот – истакна Николоски.

Како што информира Министерството за транспорт, тој како пример навел дека е голема веројатноста за зголемување на цената на превозот за 5 проценти, со што домашните производи ќе станат неконкуретни на европскиот пазар.

– Сите стопански комори од регионот веќе цела година реагираат. Не е едноставно решението. На пример, компанија од Македoнија што извезува во Германија, ако ангажира германска компанија, тогаш превозот е од 3 до 5 проценти поскап. Доколку превозот е до 5 проценти поскап, тогаш прозиводите во Македонија и регионот ќе станат неконкуретни и тогаш можно е компаниите да си заминат од Македонија. Една компанија со која разговарав, а нема да ја именувам, најавува загуби од 1,5 милион евра неделно. Сега со овие услови транспортниот бизнис ќе остане целосно неисплатлив од причина што за 50 проценти ќе се намали времето што возачите ќе може да го минуваат во рамките на ЕУ – додаде вицепремиерот Николоски.