Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до 18 јануари – во државава биле пријавени 2.062 случаја на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива моделирана од последните 15 сезони намален е за 6,9 проценти. Во текот на третата недела пријавената инциденца е над неделната граница за средна активност, информираат денеска од Институтот за јавно здравје.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.274 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Вкупно 279 биле деца на возраст до четири години, над 65 години биле 266 лица, а 243 биле деца на возраст од 5 до 14 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Заболените лица се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 556, Тетово – 146, Охрид – 142, Битола – 139, Куманово – 137, Прилеп – 115, Штип – 110, Кавадарци – 102, Велес – 96, Струмица – 85, Дебар – 75, Свети Николе – 59, Гостивар – 52, Радовиш – 33, Неготино – 30, а во Гевгелија, Виница, Струга , Ресен, Кичево, Крушево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип, Делчево, Крива Паланка, Кочани, Демир Хисар и Берово, бројот на заболени е помал од 30, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Реклама

Во четири ЦЈЗ/ПЕ: Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци се бележи многу висока активност, во три: Кратово, Штип и Виница – висока активност, средна активност се регистрира во единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во девет се бележи сезонска активност, а во две единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип – изнесува 8.209 во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,1 пати, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрира зголемување од 16,3 проценти.

Во текот на сезоната на грип регистрирани биле три починати лица асоцирани со грип, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лицата што припаѓаат на таканаречените ризични групи.

Заклучно со третата недела, во државата вакцинирани биле вкупно 79.078 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.