Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Македонскиот пазар на електрична енергија се шири со поддршка на словенечката берза – почнува пазарот во тековниот ден (Intraday Market)

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја поздравува и институционално ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја поздравува и институционално ја поддржува денешната реализација на договорот меѓу националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, со кој официјално почнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market), се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е суштински чекор за модернизација на македонскиот енергетски сектор и негова реална интеграција во европскиот пазар. Со вакви конкретни проекти ги градиме стабилноста, транспарентноста и конкурентноста на пазарот, а државата јасно покажува дека знае каде оди и зошто“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Договорот беше потпишан во просториите на МЕМО во присуство на министерката Божиновска од страна на управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, и извршниот директор на словенечката енергетска берза БСП и претседател на Управниот одбор на групацијата АДЕКС, Анже Предовник.

Реклама

Договорот претставува континуитет на соработката со БСП и ЕПЕКС СПОТ, важен чекор во развојот на македонската берза за електрична енергија и зајакнување на нејзината техничка и институционална подготвеност за пазарна интеграција со Европската Унија.

Со договорот се обезбедуваат трговски и клиринг-платформи за пазарите на електрична енергија ден однапред и пазар во тековниот ден. Пазарот ден однапред во Македонија успешно функционира од мај 2023 година, а воспоставувањето на пазарот во тековниот ден претставува логично продолжување на процесот на пазарно заокружување и европска интеграција.

Министерката Божиновска нагласи дека Министерството активно и континуирано ја поддржува институционалната и техничката подготвеност на пазарните оператори:

„Нашата цел е јасна – функционален, сигурен и европски усогласен пазар на електрична енергија. Пазарот во тековниот ден носи поголема флексибилност, подобро управување со обновливите извори и намалување на системските ризици. Тоа е директна придобивка и за учесниците на пазарот и за енергетската стабилност на државата“, истакна Божиновска.

По потпишувањето на договорот, одржан е и почетен (kick-off) состанок со претставници на БСП, со што официјално почнаа активностите за воспоставување на пазарот во тековниот ден, чија целосна имплементација е планирана до крајот на вториот квартал од 2026 година.

Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, оцени дека договорот претставува значаен чекор во јакнењето на организираниот пазар и неговата подготовка за идно поврзување со единствениот европски пазар, а Анже Предовник ги нагласи важноста на партнерството и институционалната поддршка од Министерството како клучен фактор за успешна реализација на проектот.

Со оваа активност Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини уште еднаш ја потврдува својата стратешка определба за развој на функционален пазар на електрична енергија, продлабочување на регионалната соработка и целосна интеграција во европското енергетско пазарно подрачје.