Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Македонскиот пазар на електрична енергија се шири со поддршка на словенечката берза

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја поздравува и институционално ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја поздравува и институционално ја поддржува денешната реализација на договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, со кој официјално започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден (intraday market).

„Воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е суштински чекор за модернизација на македонскиот енергетски сектор и негова реална интеграција во европскиот пазар. Со вакви конкретни проекти ја градиме стабилноста, транспарентноста и конкурентноста на пазарот, а државата јасно покажува дека знае каде оди и зошто“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Договорот беше потпишан во просториите на МЕМО, во присуство на министерката Божиновска, од страна на управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, и извршниот директор на словенечката енергетска берза БСП и претседател на Управниот одбор на групацијата АДЕКС, Анже Предовник.