Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Виничкото ОУ „Славчо Стојменски“ доби фитнес центар

Учениците од ООУ „Славчо Стојменски“ од Виница второто полугодие од учебната година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците од ООУ „Славчо Стојменски“ од Виница второто полугодие од учебната година го започнаа со интересен новитет – во функција е пуштен новоизградениот мини фитнес центар во рамки на училишните простории.

Центарот располага со две обновени и  целосно опремени простории: едната со модерни и современи справи за теретана, а другата е наменета за аеробик и пилатес активности. Со ова, еден дотогаш нефункционален простор, е пренаменет во современа мини теретана и фитнес центар, кој веќе прераснува во омилено спортско катче за учениците.

Проектот е реализиран на иницијатива на училиштето, со силна поддршка од Општина Виница и со помош на општествено одговорни компании, што уште еднаш ја потврдува успешната соработка меѓу локалната самоуправа, образовните институции и приватниот сектор, се наведува во соопоштението што денеска го објави локалната  самоуправа.

Реклама

Вчера  се одржа  првиот час во новиот фитнес центар, во присуство на градоначалникот Митко Костадиновски. Ова претставува уште еден значаен чекор напред во унапредувањето на условите за образование и спорт, како и во развојот на локалната заедница, велат од Општина Виница.

Второто полугодие,инаку,  во сите училишта на територијата на Општина Виница започна навремено и непречено, во услови кои ги задоволуваат сите потребни стандарди за овој период од годината.