Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја проследи на натамошна постапка во Собранието Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија. Како што се вели во образложението, кризната состојба на дел на територијата на државата се продолжува до 30 јуни 2026 година.

Владата во 2024 година донесе одлука за воведување на кризна состојба на дел од територијата на Македонија и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое е Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 203/24).

Владата на Република Северна Македонија, како што се посочува во образложението на Предлог-одлуката, на седницата одржана на 13 јануари 2026 година го разгледала Записникот од Десеттата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи одржана на 29 декември 2025 година, го прифатила предлогот на Управувачкиот комитет и ја утврдил потребата да се продолжи кризната состојба до 30 јуни 2026 година.

Реклама

-Со цел да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, Владата на Македонија заклучи да побара од Собранието на Македонија да ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата, односно, во времетраење до 30 јуни 2026 година, се вели во Предлог-одлуката.

За време на целиот овој период, Управувачкиот комитет за координација и управување во Системот за управување со кризи, во комуникација и соработка со сите надлежни државни институции континуирано и редовно ја следи состојбата во подрачјaта на дел од територијата на Македонија каде е прогласена кризна состојба.