Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ДИК ги усвои правилникот за надоместоци и одлуката за исплата за ангажираните лица во повторените избори

Државната изборна комисија едногласно го усвои правилникот за определување на критериумите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија едногласно го усвои правилникот за определување на критериумите за надоместок на ангажираните лица во повторениот избор процес, како и одлуката за исплата на надоместоците за овие лица.

На денешната 169. седница, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, појасни дека правилникот претставува неопходен документ за обесштетување на сите категории лица ангажирани во спроведувањето на повторените избори, што се одржаа на 11 јануари 2026 година во општините Гостивар, Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Врапчиште. Станува збор за лица од стручната служба на ДИК, помошните изборни тела, Државниот завод за статистика, обучувачите на избирачките одбори, како и за ИТ‑поддршката вклучена во изборниот процес.

По утврдувањето на правилникот, Комисијата ја разгледа и ја донесе и одлуката за конкретните износи што ќе им бидат исплатени на ангажираните лица за двомесечниот период во кој биле вклучени во подготовките и спроведувањето на повторените избори. Како што беше нагласено на седницата, ваква одлука ДИК донесува по секои избори, при што овој пат станува збор за пократок ангажман и помал број лица имајќи го предвид ограничениот опфат на повторените избори.

Реклама

Во продолжението на седницата беше констатирано дека, по завршувањето на сите изборни дејства и објавувањето на конечните резултати, ДИК има законска обврска да ги заокружи сите административни постапки поврзани со повторените избори и да достави извештај до Собранието на Македонија.