Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Азески и директорот Пецоски во „Реплек“ АД, на работна средба за новите инвестициски вложувања и извозните капацитети

Претседателот на Комората, Бранко Азески и членови на Управниот одбор, денеска (вторник)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Комората, Бранко Азески и членови на Управниот одбор, денеска (вторник) во 14:00 часот ќе ја посетат компанијата Реплек АД Скопје, долгогодишна извозно-ориентирана членка на Комората. Имајќи предвид дека унапредувањето на извозните потенцијали на компаниите претставува врвен приоритет на Стопанската комора на Македонија и во наредниот период, средбата ќе биде искористена за да се поразговара за интензивните инвестициски активности на фармацевската компанија со 80 години традиција како симбол на континуитет, стабилност и јасна визија за иднината.

Реплек АД Скопје е присутна на 25 пазари во Европа, Азија и Блискиот Исток, при што 75% од приходите од продажбата се остварени на странски пазари, со план за проширување на присуството на уште 15 нови пазари. Потврда за успешноста е стратегија на компанијата и растот на профитабилноста од 39% во однос на 2024 година, со остварен профит од 5 милиони евра, над 400 вработени и активно учество во процесите поврзани со унапредување на деловното опкружување во земјава.

Улогата на Комората во подршка на извозните и инвестициските процеси на компаниите е од исклучителна важност, бидејќи таа претставува платформа преку која компаниите можат да ги артикулираат своите ставови, потреби и предизвици, како и да придонесат кон креирање подобро и поконкурентно деловно опкружување.

Реклама

Посетата на претседателот Азески на Реплек АД, е јасна порака на поддршка за компаниите што инвестираат во земјата, создаваат додадена вредност и ја градат својата конкурентност врз знаење, технологија и одговорност.

Изјави за медиумите во 14:30 часот во кругот на фабиката ќе дадат Душан Пецоски, генерален директор на Реплек АД Скопје и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.