Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Манасиевски: Заев и Филипче на мафијашки начин сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на една од телевизиите, дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за тоа како Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев по далеку пониска цена, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНE.

„Сите оние афери, сомнежи и скандали се поврзуваат со минатата власт којашто беше предводена од СДСМ и ДУИ, како и оваа афера којашто докторот Жан Митрев ја изнесе во јавноста, каде што вели дека минатата власт, односно еден премиер и министер за здравство, тука знаеме на кого мисли, односно на Зоран Заев и Венко Филипче, дека преку мафијашки однос се обиделе да му ја преземат болницата по далеку пониска цена. Ова е она што ние изминатите 7 години, а еве и континуирано во овие година и половина откако сме на власт, го говориме дека СДСM и ДУИ кога владееја со државата тоа го правеа на криминален и коруптивен начин“, истакна Манасиевски и додаде:

„Ова однесување на Зоран Заев и Венко Филипче и СДСM како политичка партија, навистина не ме чуди до каде одело само за да дојдат до одредено богатство коешто ние граѓаните го трпиме и ден денес“.

Реклама

Манасиевски објасни дека реформите во правосудството се неопходни, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го преземала првиот чекор со разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

„Судството навистина не функционира и оние 2% коишто ги има доверба се потврдува, а ние како политичка партија велиме дека треба да има реформи, затоа што гледаме дека нема никаква судска разрешница. Нема разрешница по голем број на судски предмети, се чуваат предмети по фиоки но, имаме еден чекор којшто го преземавме како Влада, каде што е разрешен државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за којшто имаме сомнежи дека чувал над 40тина предмети во неговите фиоки, за да не постапи за оние сомнежи кон минатата власт на СДСM и ДУИ. Така да сметам, потребни се итни реформи во овој дел со цел да имаме правда во нашата држава“, дециден е Манасиевски.