Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Николоски: Проектот „безбеден град“ спасува животи и сите треба да учествуваат во него

Проектот „Безбеден град“ спасува животи и затоа сите треба да учествуваат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот „Безбеден град“ спасува животи и затоа сите треба да учествуваат во него – дециден е Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој рече дека се надева дека опозицијата ќе гласа „за“ за законските решенија до крајот на месецов, онака како што било ветено на лидерската средба. За казнувањето да стане правосилно, потребни се измени на Законот за прекршоци со двотретинско мнозинство.

– Гледате кој е опозиција. Опозиција е СДСМ коишто влегоа во целосно деструктивна кампања, којашто мора да признаам дека не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто се сеќаваме добро што се случуваше кога беа на власт. Се надевам дека ќе се опаметат и законите особено  оние кои се двотретински ќе бидат изгласани, особено после ветувањето на лидерската средба, изјави Николоски.

Од утре стартува тестирањето на камерите на „СЕЈФ СИТИ“. Министерството за внатрешни работи известува дека во периодот  од 20-ти јануари до 31-ви јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор. Низ скопските булевари веќе се поставуваат табли дека сообраќајот е под видео надзор. Тоа значи дека привремено ќе се затвораат улици низ Скопје, па бараат разбирање од страна на граѓаните и возачите. Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на главниот град.

Реклама

„Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, стои во соопштението од МВР.

Владата е задоволна од намалувањето на бројот на прекршоци за време на тест-периодот од месец и пол. Според премиерот, тоа е доказ дека системот функционира и дека редот на улиците се враќа. Во овој период бројот на сообраќајни прекршоци бил намален од 110 илјади на само неколку илјади. Очекувањата се дека со сејф сити ќе има драстично помалку прекршоци, помалку хаос на улиците и поголема безбедност за сите и за возачите и за пешаците. Премиерот рече дека откако ќе профункционира системот дополнително ќе се размислува дали ќе претрпи и други измени законот кој ги регулира прекршоците. Од МВР информираат дека системот моментално функционира во Скопје, Куманово и Тетово, камерите се веќе поставени на Коридорите 8 и 10, каде што наскоро се очекува старт на детекција на сообраќајни прекршоци.