Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше

Дваесет и тригодишниот Милко Божиновски од Ростуше го извади осветениот крст од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и тригодишниот Милко Божиновски од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

-Бог се јави.  Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава. Посакувам и мир да завладее во светот, посака Божиновски, кому му се насмевнува среќата.

Значајна порака испрати и владиката Партениј.

Реклама

-Вадењето на светот крст од водите на Радика од страна на ростушанец нека биде за благослов на сите луѓе што живеат во овој крај, благослов за растење и развој на регионот. За многу години. Нека бог ја излее својата благодат за да има на земјата многу мир, многу љубов и меѓу луѓето добра волја, порача владиката.

Овој пат имаше рекордна бројка од околу 300 верници, кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика, кои  најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше владиката Партениј.

Дворот и храмот  беа преполни со луѓе кои дојдоа да го прослават Богојавлението на Господ Христос, а потоа заедно со монасите и монахињите, во голема литија се спуштија до Радика, каде што се случи големото осветување на водите и полагањето на светиот крст.

На положувањето на светиот крст во водите на Радика присуствуваше  и албанскиот амбасадор Денион Меидани.
По традиција тука беа  и претставници на локалната власт на општина Маврово и Ростуше. Претседателот на Советот на општината Елвир Пајкоски, од име на општината му подари телевизор а Божиновски доби и компјутер, што традиционално секоја година го доделува Хари Локвенец.

-Среќен празник на сите православни христијани во нашата општина и во нашата држава. Посакувам здравје, среќа и благосостојба во сечиј дом, посака Пајкоски.

Во рамки на одбележувањето на големите празници во Бигорски манастир вечерва во 19 часот ќе почне вечерна богослужба во чест на Свети Јован, додека утре кога се слави соборот на Свети Јован Крстител, во 6:30 Утрена и Божествена Литургија.