Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово

Дваесет и двегодишниот, Борис Стефановски, студент, го извади чесниот крст од Соборниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и двегодишниот, Борис Стефановски, студент, го извади чесниот крст од Соборниот храм „Свети Никола“. Голем број кумановци се обидоа да го извадат светиот крст во старата градска црква.

– Моментално сум студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, имам уште еден испит. Седма година се обидувам да го извадам крстот. Оваа година очекувам да дипломирам, да се вработам, да работиме со дечиња да имаме здравје да нè чува Господ, овој ден за мене е посебен, рече Стефановски кој доби подароци од општина Куманово, од бизнис заедницата, од црквата.

На повеќе локации во Куманово се организираше положување на крстот.

Реклама

Претходно во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач, си зедоа осветена вода, се помолија за здравје, мир и благосостојба.

Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.