Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Богата програма за Водици во Делчево

Во Делчево привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици, еден од најубавите христијански празници и празник кој го носи значењето на светата тајна на крштевањето, како еден од столбовите на христијанството.

Традицијата поврзана со овој ден е длабоко вткаена во нашата вера и идентитет и по тој повод, почитувајќи ја традицијата, Општина Делчево на 19 јануари, в понеделник, организира низа настани кои ќе се етаблираат како традиционални и ќе бидат дел од туристичката понуда на Делчево.   

Традиционалното празнувањето ќе започне во градската црква „Успение на пресвета Богородица” со света литургија во чест на празникот која ќе започне во 8.00ч., а со која ќе чиноначалствува Неговото преосвештенство епископот делчевско-каменички, Марко.

Реклама

На осветувањето на водите на река Брегалница во централното градско подрачје му претходи свечена литија, по што на мостот кај река Брегалница во 11.00ч, ќе се одржи церемонијата за осветување на водите на река Брегалница, а годинава 40-момчиња се пријавиле за да скокнат  во водите на река Брегалница по светиот крст.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, како што соопштија од Општината на среќниот пронаоѓач на крстот во водите на река Брегалница ќе му додели ваучер во износ од 10. 000 денари, a во градскиот парк ќе биде организиран музички хепенинг.

По повод празникот градоначалникот Гоцевски ќе организира средба со поканети гости во неговиот кабинет на кој ќе се дискутира за потенцијалите за развој на Делчево.

Манифестацијата е во организација на Општина Делчево и општествено одговорни компании.