Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

СДСМ: Десет години откако Груевски не е премиер, повторно со ВМРО сме на исто

Овој јануари изминуваат точно 10 години откако Никола Груевски во 2016 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овој јануари изминуваат точно 10 години откако Никола Груевски во 2016 година поднесе оставка од премиерската функција. Со неговото повлекување започна крајот на режимот кој 11 години ја уназадуваше земјата на секое поле.

Заврши ерата на незапаметен криминал и корупција, грабеж на граѓаните, партизација на секоја пора на општеството, окупирано судство, медиуми, задушена слобода и демократија и изолација на земјата. Кога Македонија не беше членка на НАТО и беше далеку од ЕУ, стои во соопштението на СДСМ.

Време на сиромашни и обезправени граѓани со најниски плати, време на неправда, постојани црни кампањи, пресметки со политичките неистомисленици, хајки, дискриминација, сеење страв и поделби во општеството.

Реклама

После 10 години откако Груевски не е премиер, со ВМРО сме на исто.

Во последните 2 години со владата на Мицкоски Македонија повторно е на пат кон изолација и оддалечување од ЕУ и стратешкото партнерство со САД.

После 2 години граѓаните повторно живеат тешко, стандардот им опаѓа, македонските работници имаат најниски плати во регионот а владата не презема ништо.

Повторно се врши партизацијата на сите институции, власта ги зема под своја контрола судството и обвинителството, ја злоупотребува и полицијата за партиски цели.

Криминалот и корупцијата буквално цветаат, преку криминални тендери се испумпуваат пари од граѓаните.

Во последните 2 години повторно нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата, за плати за војниците. Пари има само за криминални тендери.

Повторно сме сведоци на црни кампањи против опозицијата, политички прогон, јавен линч, притисок врз медиуми, загрозување на слободата и демократијата.

На исто сме со ВМРО, само на местото на Груевски е Христијан Мицкоски. 

Време е повторно да се врати власта во рацете на народот.