Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Откупени околу 25 000 тони тутун по 419 денари, откупот трае до 28 февруари

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупубачите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупубачите од производителите купија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп.

-Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на тутунот трае до 28 февруари. Се појавуваат информации дека е хаос во откупот. Тоа не е точно и не треба да се доведуваат тутунопроизводителите во заблуда. Со години се врши намалување на пунктовите за откуп, бидејќи се и намалени количествата за откуп на тутун. Тутунопроизводителите да не се плашат, целиот род ќе им биде откупен. Треба да бидат трпеливи, да им се исуши тутунот и да може да им биде откупен во прва класа, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

 Сојузот е подготвен да разговара и со откупувачитеи со ресорното министерство за новата реколта и новите договори со цени.

Реклама

– Да завршат празниците, очекуваме да ги почнеме разговорите и со откупувачите за договорите за годинашнава реколта и за новите цени, а со Министерството заземјоделство за Законот за тутун, вели Ристески.