Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

В понеделник во 12 часот спуштање на крстот во Кочанска Река

В понеделник, 19 јануари по повод празникот Богојавление – Водици, во Кочани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

В понеделник, 19 јануари по повод празникот Богојавление – Водици, во Кочани ќе се одржи традиционалното спуштање на светиот крст во водите на Кочанска Река.

Настанот ќе почне околу 12 часот на Крушарскиот мост, кај Паркот на Револуцијата, каде секоја година се собираат голем број граѓани.

Спуштањето на крстот ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на свештеници од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани.

Реклама

Пред настанот, во 10:45 часот, ќе се одржи литија од црквата кон паркот.

Годинава средствата собрани преку традиционалната лицитација на икони ќе бидат наменети за довршување на храмот „Св. Преображение“ кај Атомските згради во Кочани, чија изградба е во завршна фаза. Лицитацијата ќе се реализира во 10:15 часот, по завршувањето на утринската богослужба.

Од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ информираат дека во тек е пријавувањето на учесници кои сакаат да скокаат по светиот крст.

За учество потребно е кандидатите да бидат полнолетни жители на Кочани, крстени во православната вера и да поседуваат лекарска потврда за здравствена состојба.