Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Сиљановска Давкова: Европските интеграции ни се високо на агендата

Европските интеграции нас ни се високо на агендата. Ништо лошо ние немаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европските интеграции нас ни се високо на агендата. Ништо лошо ние немаме со соседите. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски, истакна вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Не мора, посочи таа, да значи дека вие европски се интегрирате само ако почнете преговори, потоа излезе некој нов проблем, па вие пак треба нешто да направите, па за да направите еден чекор напред, некогаш два чекори назад, најчесто лет во место, ама чувството ви е дека сте опкружени со Европа.

– Да, ние под итно, така како што треба реформски треба да влеземе во процесите на Копенхаген. Поинаков ќе биде односот. Ние имаме секогаш добра волја. Гледате дури и после оние чудниинтерпретации на настанот со прозорецот човек доби впечаток дека се рабори за филм на Спилберг, така беше тоа опишано и веднаш излегоа и текстови кои не смеат таков говор да употребуваат каде се генерализира нацијата и односот, но ете излезе и наш граѓанин со бугарско самочувство и мислам дека тоа беше многу фер и многу одговорно и објасни дека не се работи за тоа за што некој мисли дека се случило, рече Сиљановска Давкова.

Реклама

Значи, потенцира, ништо лошо ние немаме со соседите.

Таа рече дека како што градиме патишта, пруги, посакува да градиме и пријателство, меѓутоа мора еднаш да видиме до каде води уставната измена.

– Најпрво да потсетам ниту една уставна измена што била имплицирана од надвор не довела до обединување напротив ја продлабочила разединетоста внатре. Затоа не се оди надвор пред да се седне внатре особено кога се има шанса тоа да се направи во Собранието. Се разбира дека сум оптимист. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски. Меѓутоа последната реченица, ова што се случува во светот денеска не потсетува на реформи насочени кон прогрес, туку навистина бара разумно посветено, добронамерно решавање кое за жал е оневозможено или неможно заради слабоста и маргинализацијата на Обединетите нации. Еве пак јас звучам како некој од мала држава. Секогаш ние се повикуваме на право, на принципи, на институции бидејќи тогаш како дел од мултилатеризмот сме најзаштитени, рече претседателката.