Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Верниците од Куманово ќе можат да присуствуваат на положувањето на крстот на неколку локации

Верниците од Куманово ќе можат да присуствуваат на положувањето на Светиот крст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Верниците од Куманово ќе можат да присуствуваат на положувањето на Светиот крст на неколку локации, соопштија денеска надлежните од кумановско-осоговската епархија. По повод големиот христијански празник Богојавление, ќе се служи света литургија во храмовите на Кумановско-осоговската епархија, која започнува во 8 часот, а по завршувањето на богослужбата, ќе се изврши голем богојавленски водосвет, при што и Светиот крст ќе биде положен во водата.

-Значи, не можеме да кажеме точно време, но околу два часа од почетокот на Светата литургија, бидејќи настанот којшто го очекуваат голем број верници, е поврзан со самата литургија, која сепак е централниот настан на празникот. Најважно е сите православни христијани да присуствуваат на литургијата, заради што во оваа прилика и ги повикуваме да присуствуваат во храмовите на литургиската молитва, а потоа доброволно, некои од верниците влегуваат во осветената вода за да го изнесат крстот од водата. Ние во Црквата, во Куманово, не вршиме запишување и немаме евиденција колкумина верници ќе влезат во богојавленските осветени води, но секако, секоја година е голем бројот на заинтересираните за учествување во празничниот настан, па така најверојатно ќе биде и оваа година, изјави Протојереј-ставрофор Антониј Петрушевски.

Оваа година во Куманово на празникот Богојавление, светиот крст ќе се положува во водите на неколку локации: во базенот во дворот на митрополитскиот соборен храм Свети Никола, каде што света архијерејска литургија ќе богослужи митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј. Во населбата Бедиње, во реката Кумановка, во базенот Асторија, во село Пчиња, во реката покрај црквата Свети Спас. Во село Тромеѓа, до црквата Св. Димитриј.

Реклама

-Во оваа прилика на сите граѓани од христијанска вероисповед им го честитаме празникот со молитвени желби за мир и Божјиот благослов да ги исполнува душите и домовите во градот Куманово и насекаде, изјави Протојереј-ставрофор Антониј Петрушевски.